Моменти е агенција за планирање и организација на настани.

Во текот на нашето тригодишно постоење имаме успешно реализирано околу 60 настани за голем број организации и компании. Дел од нашата листа на клиенти се: ПСМ Фондација, Општина Гази Баба, УСАИД – Асоцијација за рурален развој, ЗЕЛС, Совет на Европа, УСАИД/БЕА, Метаморфозис Фондација, Занаетчиска Комора Кобленц, Европска Бизнис Асоцијација, Бензинска пумпа Детоил Куманово, Колор Медиа, Вестерн Унион, Фондација Институт Отворено Општество Македонија…

Чекори за работа

  1. Воведен состанок - презентација на агенцијата и добивање основни податоци за настанот
  2. Договор за намера - одредување на вашите барања за настанот преку апликација која има својство на необврзувачки договор
  3. Две понуди – доставување на два идејно различни концепти
  4. Договор за соработка - временска рамка и план за акција
  5. Финално сценарио - генерална проба
  6. Спроведување на настан
  7. Детален извештај - состанок со клиентот по завршување на настанот и достава на извештај со анализирана оцека на дел од учесниците на настанот и прес клипинг

Услуги

  1. Идејно решение на настанот
  2. Брендирање на настан – лого, промотивни материјали, интернет страница
  3. Визија: Да се создаде средина за средба во која учесници од целиот свет со различни функции во компанијата (продажба, маркетинг, финансии, оператива и менаџмент) се чувствуваат индивидуално значајни, но истовремено и како дел од големата слика за компанијата.

    Извршување: Широка примена на логото – награди, беџови, декорација, интернет страници. Но, она што е поважно од едноставната употреба на логото насекаде, е провлекување на визијата низ целиот настан со цел да помогне во остварување на целите.

  4. Логистика на настан – менаџмент кој раководи со информации добиени од клиентот и соработниците. Вклучува интеграција на информации, нивно пренесување, листа на понуди, пронаоѓање на решение за одреден проблем, односно целосна организација и контрола врз настанот. Логистиката е канал на информации од добавувачите до крајниот корисник – клиентот.
  5. Супервизија на настан – акт на надгледување на работата или задачите. Супервизија не значи контрола над некој друг, туку професионална насока во работата.
  6. Определба на буџет за настан -  витален дел од планирањето на настани, затоа што влијае врз изборот и одлуката која ќе се направи кога се бараат производи или услуги кои се вклучени во настанот. Ако е возможно секогаш треба да се знае буџетот со кој располага клиентот, пред да почнете да го организирате настанот до најситните детали.
  7. Mенаџмент на настани – менаџерска пракса на проект менаџмент со цел да се креира и развие одреден настан. Менаџментот на настани вклучува проучување на брендот, идентификација на целна публика, развивање на концептот на настанот, планирање на логистиката и координација на техничките аспекти на предложениот настан.
  8. Услуга на односи со јавност – пракса на менаџирање на одредени информации меѓу организацијата и јавноста. (Пишување и праќање на: покана за медиуми, соопштение за медиуми, дополнителни информации, договарање на интервјуа, медија планирање, објава на промотивни текстови.)
  9. Надворешни соработници
    • модератор
    • најавувач
    • говорници
    • преведувачи
    • промотери
    • музичари
  10. Посредување при:
    • графички дизајн и печатење
    • избор на локација
    • мобилен маркетинг

Видови настани

  1. Корпоративни настани – управување со бизнис настани е практика на инкорпорирање на бизнис логика во брендирање на настани, комуницирање на настани и менаџирање со настани.
  2. Конференции – средби, состаноци на одредена тема. Тие можат да бидат од најразличен карактер: промотивни, академски, бизнис, политички, форуми, дебати, тркалезни маси.
  3. Промотивни кампањи и промоции – вклучуваат објава на информации за одреден производ, производна линија, бренд или компанија. Промоцијата преставува еден од четирите клучни аспекти на маркетинг миксот.

    Промоциите вообичаено се делат на две категории:

    • Above the line promotion: промоција во медиуми (електронски и пишани)
    • Below the line promotion: сите други видови на промоција (спонзорства, унапредување на продажба, директна пошта, учество на саеми, односи со јавност)
  4. Прес конференции – настани наменети за медиумите, на кои се канат новинари да ги чујат што имаат да кажат и да им постават прашања поврзани со темата.
  5. Изложби – (уметнички изложби, учество на домашни и меѓународни саеми)
  6. Специјални настани - настани од затворен тип, настани со одредена тема

Тим

Славица Илиеска - Планер на настани
slavica@momenti.com.mk
Сузана Стевановиќ - Планер на настани
suzana@momenti.com.mk
Сандра Стевановиќ - Планер на настани
sandra@momenti.com.mk