Летна забава во пет едноставни чекори
15 јули 2009
Воодушевени од идејата за планирање на летна забава? Следете ја оваа едноставна листа на задолженија за да го испланирате совршениот настан, без да се чувствувате разочарано. Добра забава!
Чекор број 1: Изберете датум
Кога треба да биде вашата забава за да обезбедите оптимално задоволство кај сите присутни? Било кој ден од седмицата ќе биде во ред, но сабота секогаш е идеален ден. Тоа ќе им овозможи на вашите гости да останат подоцна, колку што сакаат, без да се грижат за тоа како ќе станат наредниот ден за на работа.
Чекор број 2: Направете листа на гости
Кој ќе дојде на вашата забава? Пријатели? Семејство? Деловни партнери? Дали вашата забава ќе биде голема со се вклучено или мала и интимна? Поканете гости кои ќе се забавуваат на видот на настанот кој планирате да го приредите.
Чекор број 3: Поканете ги гостите
Не заборавајте да ги поканите вашите гости, тоа е клучниот елемент за добрата забава! Оставете впечаток кај вашите гости преку праќање на физички покани преку електронска пошта. Можете да ги персонализирате поканите. Изберете го вашиот специфичен фонт и боја на букви.
Чекор број 4: Испланирајте го вашето мени за храна
Стек, риба или коктел маса? Вашето мени треба да биде едноставно. Обидете се вашиот избор на храна да се сведува на неколку избори. Ако станува збор за неформална забава, прескокнете го предјадењето и преминете директно на главното јадење.
Чекор број 5: Освежете го декорот на локацијата
Лето е, а тоа значи дека е време да се слави бојата! Не ги изоставувајте малите детали. Масите декорирајте ги со светли летни бои и свеќи да ја надополнат атмосферата по заоѓањето на сонцето. Неколку мали нешта можат да направат голема разлика.