Отворање на плоштад во Општина Гази Баба – Скопје

17 декември 2008

промотивна слика

Клиент: Општина Гази Баба

Манифестацијата на официјално отворање и пуштање во употреба на плоштадот во Општина Гази Баба се одржа на 17.12. 2008 година. Плоштадот се наоѓа помеѓу Бул. Александар Македонски и ул. Јани Лукровски во н. Автокоманда.

Настанот се состоеше од два дела, официјален и забавен дел. На свеченоста на официјалниот дел присуствуваат претседателот на Владата на Р.М. Никола Груевски, пратеници од Собранието на Р.М., советници од општина Гази Баба, спонзорите, партнерите и изведувачите на целиот проект, а плоштадот официјално го пушти во употреба градоначалникот Коце Трајановски.

На забавниот дел свои мини концерти имаа: групата Синтезис, Елена Ристевска, Ламбе Алабаковски, Ѓорѓи Крстевски и Александра Пилева. За повеќе информации посетете ја страницата: http://www.gazibaba.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=506.

Ангажман на Моменти:

  • просторно решение
  • агенда и сценарио за настанот
  • координација на контактираните учесници во програмата
  • обезбедување добавувачи за кетеринг и украсување
  • протокол
  • прес клипинг од пишани медиуми

|